(Фото) Џаред Лето е новата љубов на Анџелина Џоли

Откако психички и ментално, како што сама призна, ја истошти разводот со Бред Пит, холивудската ѕвезда Анџелина Џоли конечно има нова љубов, пишуваат светските медиуми. На Анџелина не ѝ било лесно, па наводно побарала утеха во колегата Џаред Лето.

Според анонимен извор, парот станувал сè поблизок, а иако веќе со години се пријатели, помеѓу нив веќе постои љубов.

„Џаред ѝ се обрати на Анџелина пред неколку недели во врска со еден филм на кој работи. Сакаше Анџелина да се појави во него, па почнаа да поминуваат многу време заедно. Прво било само пријателски, но тогаш таа сфатила дека има силни чувства кон него“, открил изворот.

Додал и дека Џаред ѝ дава голема емоционална поддршка на актерката.

Scroll to Top