Само неколку недели откако раскина со Селена Гомез, Џастин Бибер им се врати на старите навики, па почна да излегува до раните утрински часови и да се забавува со девојки. Папараците веднаш го сликаа во клуб во Лос Анџелес, каде што бил во друштво на манекенката Баскин Чамп.
Додека Џастин ужива во Лос Анџелес, Селена е на одмор во Австралија. На интернет се појавија нејзини фотографии на кои ужива на јахта и коментари дека се здебелила. По негативните коментари, Селена веднаш им врати на злобниците дека ѝ е најважно што е здрава и што се чувствува удобно во своето тело, дури и со лузна и неколку килограми повеќе.