Папараците ја снимија канадската музичка ѕвезда Џастин Бибер, како турка бебешка количка, во која се наошале неговите две кучиња.
По тешкиот период низ кој мина пејачот, поради влошеното здравје на неговата поранешна девојка Селена Гомез, пејачот сега се опоравува со прошетките кои ги прави со своите миленици.
Џастин покрај двете негови кучиња беше во придружба и на неговата сопруга, манекенката Хејли Болдвин. На пат кон ресторанот, пејачот наишол на многубројни фанови, со кои се фотографирал и делел автограми.