(Фото) Џастин Бибер си го тетовираше лицето

Џастин Бибер е голем обожавател на тетоважите, а неодамна направи една и на лицето, пишува „Дејли мејл“. Наводно неговата последна тетоважа е израз на љубовта кон неговата сопруга Хејли Болдвин. Истиот ден се тетовирала и таа, а тату мајсторот Кејт Мекрејди, тврди дека тетоважата на Џастин е едноставна и мала и дека се наоѓа над веѓата, но дека пејачот вешто ја покрива со косата.

„Не направи вообичаени тетоважи какви што паровите доаѓаат да ги прават. Не сакам да ги откријам премногу деталите“, изјавил тату мајсторот кој му ја направил тетоважата на Бибер.

Џастин Бибер неодамна на Инстаграм постави фотографија од своето истетовирано торзо, а фановите заклучиле дека го тетовирал лицето, затоа што на торзото повеќе нема место.

Доколку тетовирањето не боли, сите би го правеле. Добро, не баш сите. Минав стотина часа на столот за тетовирање и не би менувал ништо. Апсолутно ја обожавам уметноста и моето тело. Се е така забавно“, напишал Бибер на Инстаграм.

Сепак по повод новата љубовна тетоважа, тој не се огласи. Во последно време тера нов стил. Има сина разбушавена коса и неговите обожаватели се шегуваат дека личи на неговата сопруга. Деновиве ги шокираше со променетиот имиџ и ишишаната глава.

„Новиот изглед значи нова музика, зар не“, пишуваат неговите обожаватели на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top