(Фото) Џастин Трудо облече розево и со синот отиде да го гледа Барби во кино

Канадскиот премиер Џастин Трудо со синот го гледаше новиот филм „Барби“ во кино. И двајцата носеа розово, па некои од фановите му напишаа дека затоа сопругата се развела од него. Дека сакал повеќе мажи.

„Затоа жена ти те остави. Повеќе сакаш мажи“, му коментираа некои на „Твитер“.

И додека едни напаѓаа, други го бранеа и рекоа дека нема ништо лошо во тоа со синот да се излезе во кино.

„Горд сум што конечно одлучи да излезеш од плакарот и да живееш автентично. Да се биде татко значи да си геј? Да се облече човек во розово зар не е доволно мажествено? Што ви е на вас“, му напишаа тие.

Scroll to Top