(Фото) Џеј Ло емотивна, се потсети на близнаците кога беа бебиња

Близнаците Еме и Макс наполнија 12 години, а нивните родители, Џенифер Лопез и Марк Ентони им рекоа  дека им го направиле животот поубав.

На 22 февруари 2008 година, животот на Џеј Ло се промени .

„Тие ми дадоа нов правец на животот. Ми помогнаа да сфатам што е вредно, а што не, ме променија“, изјавила тогаш пејачката.

Неодамна, Еме се појави на сцената на Супербол заедно со својата мајка. За неа публиката вели дека накратко успеала да го украде целото шоу и да го насочи вниманието на публиката кон себе.

„Знам дека ако сакам нив животот да им е убав, мора мојот да биде одличен и да сменам некои нешта“, изјави своевремено Џеј Ло.

На Инстаграм, таа напиша: „Знам дека наполнивте 12 години, но мене секогаш ќе ми бидете бебиња. Среќен роденден, мои убави кокоси“, напиша таа под фотографијата.

 

Scroll to Top