Џенифер Лопез и на 48 години сеуште важи за една од најубавите жени на светот, со тело за какво сонуваат и двојно помлади девојки од неа.
Сигурно многумина од вас, барем еднаш посакуваат да изгледаат како оваа латино убавица, а на една од девојките тоа и се посреќи. Имено изгледа дека пејачката има своја двојничка, која може да се пофали и со уште пооформено тело од неа, колку и да тоа звучи невозможно. Станува збор за бодибилдерката Јаница Греј, која секој кој ја има сретнато на улица лесно може да ја замени со Џеј Ло, затоа што сличноста навистина е неверојатна.
Освен што физички потсетуваат една на друга, што поради истакнатите јаболчици, а што поради темните, мачкести очи, имаат и сличен стил, па дополнително ги збунува луѓето на социјалните мрежи.
И двете обожаваат високи пунџи и знаат да ги истакнат сите свои предности на шминката, а и едната и другата се големи љубители на округлите обетки.
Се разбира, „Лажната Џеј Ло“, воодушеви со споредбите со пејачката (а кој не би бил?!), па и самата на Инстаграм почна да објавува „заеднички“ фотографии.
Но, Џенифер има и уште една двојничка, поточно својата минијатурна верзија. Нејзината ќерка Еми изгледа како намалена Џеј Ло, а веруваме дека тао баш нема многу да се промени ни кога малата ќе порасне.