(Фото) Џеј Ло откри колку е романтична по дома

Џенифер Лопез е една од најбогатите жени во светот и  една од најголемите музички ѕвезди денес, a својот луксузен дом и интимни моменти често ги споделува со милиони фанови.

Пејачката сподели дел од атмосферата во нејзината луксузна вила, а судејќи според коментарот, таа уживаше греејќи се покрај каминот.

„Студено”, напиша само кратко Џеј Ло, а на масата и над каминот стоеја црвени рози и сè беше на место.

Покрај тоа, многумина ги забележаа врамените фотографии кои поп-ѕвездата ги чува над каминот, а на кои се близнаците Ема и Макс кои ги има со Марк Ентони, како и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, но и неговите деца .

Џенифер и Алекс неодамна прославија две години врска.

Scroll to Top