Џенифер Лопез за време на доделувањето на „Американските музички награди“ на црвениот тепих се појави во долг розов фустан со деколте и вискои резови, кои ги истакнаа сите нејзини атрибути.
Латино пејачката често знае да се појави во креации на дизајнерот Жорж Чакра, па така беше и овој пат. Џеј Ло, фустанот го искомбинира со високи црни штикли и силна шминка на очите.
Лопез следната година ќе полни 50 години, но многумина во коментарите пишуваат дека неверојатно е како пејачката може да изгледа толку добро и во втората половина од нејзиниот живот.