Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“, Џени Гарт, која се прослави со улогата на Кели, се пофали дека сама го шиела матурскиот фустан на нејзината ќерка Лола. Таа ги објави сликите на Инстаграм.
„Кога ќерка ми рече ‘Сакам сама да ги го сошијам матурскиот фустан’, всушност, мислеше ‘Мамо сакам да ми го сошиеш ти матурскиот фустан. Шиењето не е моја специјалност, но некако успеав. Таа можеше да побара да ѝ купам нешто фенси, ама не, сакаше да е сошиен дома. Горда сум и на Лола и на себе“, напиша глумицата.
Освен Лола (18), Џени ги има и ќерките Лука (23) и Фиона (14) со поранешниот маж, актерот Питер Фацинели, со кого беше во брак од 2001 до 2013 година.