(Фото) Џенифер Анистон во врска со опасен тип: повторно се „фатени“

Познатата актерка и ѕвезда од култната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон (56), која зад себе има два неуспешни брака, е сè поприсутна во медиумите поради наводите дека има нова љубов, а тоа е „љубовниот гуру“ и лајф тренер кој исто така практикува хипноза, Џим Кертис, со кого пристигна на Мајорка за да го прослави Денот на независноста на Америка.

Актерката го запознала со своите блиски пријатели на Мајорка, а сите заедно се дружеле на луксузна јахта, што дополнително ги разгорело гласините дека започнале романтична врска.

Нивните фотографии завршија на социјалните мрежи, а корисниците нашироко тврдат дека тие се „нов љубовен пар“, особено затоа што ова не е прв пат да бидат заедно во јавност.

Актерката еднаш им објави на своите следбеници дека ја чита неговата книга, а потоа откри дека го надминала долгогодишниот страв од летање со помош на хипноза, а двајцата беа видени заедно во хотел во Калифорнија минатиот месец.

И сето ова ги поддржува гласините дека тие се новиот славен пар…

Scroll to Top