Пејачката Џенифер Лопез го привлече вниманието на една од плажите во Калифорнија. Во розово бикини таа покажа дека и на педесет години изгледа одлично.
Нејзините фанови ја пофалија за изгледот и коментираа дека многу нејзини помлади колешки може да ѝ позавидат. Пејачката во своите интервјуа откри дека за нејзината линија заслужни се здравата исхрана и редовното вежбање.
„Прекрасна си, изгледаш спектакуларно. Гориш. Како е можно да изгледаш толку добро?“, биле само некои од коментарите.
Лопез, која важи за една од најсексапилните жени во светот, вели дека редовно вежба, особено откако е во врска со пензионираниот бејзбол-играч Алекс Родригез, со кого се сврши минатата година.
Венчавката ја планираа за ова лето, но поради пандемијата на коронавирусот, одлучија да ја одложат.