(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек наскоро ќе се венчаат, пејачката видена со голем дијамантски прстен на раката

Џенифер Лопез и Бен Афлек наскоро ќе се венчаат, пренесоа некои од светските медиуми, откако во јавноста излегоа фотографии од папараците на кои пејачката носи голем дијамантски прстен.

Лопез била видена со ќерка ѝ Ема како купува мебел во Лос Анџелес. На себе носела шарен фустан, а косата ѝ била собрана во пунџа. Имала и сандали со високи дебели потпетици, а стајлингот го комплетирала со жолта торба со златен синџир и тркалезни очила за сонце.

Од накит носела златни.обетки и белезица со голем дијамантски прстен. За потсетување, Џенифер и Бен пред две децении се свршија, но ден пред венчавката, Бен одлучи да се повлече.

 

Scroll to Top