(Фото) Џенифер Лопез се облече како Барби

Откако се вратија од одморот во Италија, Џенифер Лопез и Алекс Родригез им се вратија на работните обврски. Парот беше фотографиран додека го напушташе студиото на NBC во Њујорк.

49-годишната музичка ѕвезда беше облечена во нежно розово фустанче од модната куќа „Валентино“. Светските медиуми напишаа дека била облечена во стилот на популарната кукла Барби. Фустанот Лопез го искомбинира со Фенди чанта и Гучи сандали.

 

Scroll to Top