Актерот Џерард Батлер е еден од многуте познати лица кои на своја кожа ги почувствуваа последиците од страшните пожари што беснеат во Калифорнија веќе со денови.
Батлер на „Инстаграм“ објави фотографии од неговата прекрасна вила и уништените автомобили.
„Се вратив во Малибу по евакуацијата. Срцекршечки моменти ширум Калифорнија. Ме инспирираат храброста, духот и жртвите што ги поднесуваат пожарникарите. Им благодарам. Ако можете, помогнете им со донација“, напиша актерот под фотографијата од уништениот имот.
Актерот куќата во 2016 година ја платил 6.443.000 долари. Главната куќа имала 3 спални соби и 3 бањи. Имал и двокатен пансион покрај зградата. Вилата се наоѓала на имот од 1.67 хектари.