Глумицата Џесика Бел во друштво на синот Сајлиз беше видена низ улиците на Њујорк. Папараците ја снимија несредена и без шминка. Глумицата во јавноста често се појавува со својот сопруг Џастин Тимберлеј и фановите ретко имаат можност да ја видат во ваква состојба.
Џесика својот стајлинг го прилагодила на семејната прошетка. Глумицата беше облечена во долга црна јакна, бел џемпер, црни панталони и патики. Во ноември 2019 година таа и сопругот беа мета на таблоидите поради скандалот во кој Тимберлејк беше виден со неговата колешка, глумицата Елши Венврајт во кафич во Њу Орлеанс.
Џастин по овој скандал јавно се извини на Џесика со образложение дека таа вечер бил премногу пијан.