(Фото) Џесика Симпсон во топ-форма, пејачката ослабе 45 килограми

Американската пејачка Џесика Симпсон една и пол година по раѓањето на своето дете, ослабе 45 килограми. Таа резултатите од напорните вежби и режимот на исхрана ги сподели со следбениците на социјалните мрежи со порака дека секој може да успее во она што го наумил ако навистина сака. Тие, пак, иако подследниве години ја навредуваа за дебелината и запуштениот изглед, не штедеа комплименти дека е во топ-форма како во тинејџерските денови.

И личниот тренер на Симпсон, Харли Пастернак, вели дека 40-годишната Џесика е истрајна во намерата да се врати во форма. Таа, освен што вежба, прави и 14.000 чекори секој ден и во тоа е најголемата тајна на нејзиниот успех.

Инаку, Џесика е мајка на три деца. Со сопругот Ерик Џонсон ги имаат едногодишната ќерка Бирди, осумгодишната ќерка Максвел Дру и седумгодишниот син Ејс Кнут.

 

Scroll to Top