(Фото) Џиџи Хадид, еден месец по породувањето, со селфи повика на гласање за претседателските избори

Еден од најпопуларните модели во светот, Џиџи Хадид, на својот профил на „Инстаграм“, со своите 60 милиони следбеници сподели фотографија на која ја покажа својата фигура еден месец по раѓањето на своето прво дете.

Таа се породи со девојче кон крајот на септември, а сега првпат објави и селфи.

Со објавата таа сакаше да ги охрабри своите следбеници да одат на претседателските избори и да го дадат својот глас, а тие ја опсипаа со комплименти. „Дури и по бременоста, сè уште сте слаби и убави“, ѝ пишуваа на Хадид.

 

Scroll to Top