(Фото) Џон Малковиќ во посета на Хрватска: глумецот рече дека секогаш ужива да доаѓа во земјата од која потекнува

Холивудскиот глумец Џон Малковиќ од вчера е во Загреб каде ја продолжи неговата турнеја низ европските театри во кои тој настапува како музички критичар. Тој во музичко сценскиот перформанс The Music Critic кој се одржа во салата Ватрослав Лисински, вчера ја имаше главната улога на наратор.

The Music Critic претставува спој на театарот, музиката и комедијата во кој Малковиќ ја имаше главната улога. Тој вчера пристигна во Загреб со мало задоцнување, па поради тоа му беше пореметен целиот распоред. Пред 4 дена настапи и во Милано во театарот Arcimboldi.

Додека настапуваше во салата, публиката цело време го поздравуваше и се смееше. Тамошните медиуми пренесоа дека докажал зошто со години го носи реномето на ѕвезда и дека во ниту еден момент не разочарал.

На Малковиќ не му сметаше летот кој од Франкфурт до Загреб задоцни 20 минути. Рече дека не му сметал ни сообраќајот во Загреб кој му земал уште неколку минути од одморот. Тој рече дека и порано бил во Загреб, а го посетил и хрватското крајбрежје.

„Имам доаѓано тука неколку пати. И секогаш уживав. Во Загреб не поминував многу време. Тука имам доаѓано можеби 3 или 4 пати и не го познавам градот баш најдобро“, рече Малковиќ.

Тој и порано има кажано колку сака да доаѓа тука и да одмора во земјата во која и самиот тој има корења.
„Тука има извонредни рибни ресторани, а прекрасен е и заливот во близина на островот Хвар“, рече тој и додаде дека Хрватска е единственото место во светот каде најубаво може да одмори.
Scroll to Top