(Фото) Џон Траволта и Оливија Њутн Џон по 41 година ги облекоа костимите од „Брилијантин“

Од легендарниот филм „Брилијантин“ помина 41 година, а главните улоги ги играа Џон Траволта и Оливија Њутн Џон. Ѕвездите деновиве имале заедничко дружење со фановите во Вест Палм Бич, а при тоа решиле да ги израдуваат на необичен начин.

Оливија која го играше ликот на Сенди и Траволта, кој го глумеше Дени се појавиле во костимите кои ги носеа во филмот.

„Прв пат во костимите откако го снимивме филмот. Толку сум возбудена“, напишала Оливија под фотографијата, објавена на Инстаграм.

 

Scroll to Top