(Фото) Џони Деп се повреди на снимањето во Црна Гора

Холивудскиот глумец Џони Деп го повредил вратот на снимањето на филмот „Минамата“ во Тиват. Откако се пожалил на болки, од продукцијата повикале лекар, па докторката му ставила шансова кравата и му препорачала да мирува неколку дена. Потоа, таа објавила слика на социјалните мрежи и се пофалила дека познатиот глумец бил нејзин пациент.

„Мојот пациент нешто се вкочил на снимањето на ‘Минамата’“, стои покрај фотографијата.

Претходно Џони Деп беше во Белград, каде што е снимен најголемиот дел од филмот, а последните сцени се снимаат во Црна Гора.

Scroll to Top