Холивудскиот актер Џорџ Клуни, кој е добитник на три Златни глобуси, два Оскара и на наградата за животно дело, вчера на 7 мај го прослави својот 59-ти роденден.
Тој во друштво Амал Клуни (42) го прослави роденденот во Малибу, Калифорнија.
Актерот го сликале папараците додека пред вилата на Синди Крафорд разговара со нејзиниот сопруг Ренди Гербер и уште неколку пријатели.
Клуни веќе со години е најдобар пријател со сопругот на некогашната манекенката, па сите заедно речиле да се опуштат по деновите поминати во карантин.
Клуни е во лежерно издание, фармерки , црна маица и очила за сонце.