(Фото) Џулија Робертс со маската покажа кој ѝ е омилен претседател

By

Џулија Робертс (52)  беше фотографирана во Малибу Кантри Март, со маска со лицето на Барак Обама на неа. Во Лос Анџелес сè уште важи мерката карантин, среде пандемијата на коронавирус.

Ѕвездата на „ Згодна жена“ има историја со Обама, така што нејзиниот декоративен избор за покривање на лицето не е толку изненадувачки. Таа го поддржа поранешниот претседател и присуствуваше на прибирање средства за него во 2012 година. Во декември Робертс и Мишел Обама отпатуваа во Виетнам и Малезија за Алијансата за можности за девојчиња на Фондацијата Обама. Оскаровката тогаш изјави дека патувањето „ѝ го сменилo животот“.

Робертс јавно ја поддржа Хилари Клинтон на изборите во 2016 година, така што луѓето не треба да бидат изненадени  дека таа не носи маска со лицето на претседателот Трамп.

 

 

Ќе ви се допадне