(Фото) Драстичната промена на убавата Анџелина: Кратко и јасно – полн погодок

Актерката Анџелина Џоли, која неодамна наполни 50 години, во последно време нè изненадува со неверојатни трансформации во својот изглед, а овој пат станува збор за драстична промена која привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Славната холивудска ѕвезда сè повеќе си игра со тонови на руса коса, а мора да признаеме дека нејзината одлука да ја осветли косата се покажа како голем успех, особено кога се појави на Филмскиот фестивал во Венеција.

Анџелина овој пат е сосема поинаква, но само за снимањето на новиот филм „Anxious People“ во кој нејзиниот лик бара кратка, строга руса боб фризура.

Во четвртокот беше фотографирана на снимањето во Лондон, а покрај сосема поинаква фризура, беше и специјално облечена; носеше елегантна крем комбинација запечатена со заводлив црвен кармин.

Анџелина Џоли времето помеѓу снимањата го помина со својот најстар син Медокс (24), кого го има од бракот со Бред Пит, а во овој филм ја игра улогата на банкарката Зара.

Таа моментално е во Лондон поради деловни обврски, но се повеќе кружат гласините дека ќе се пресели таму, особено по веста дека го продава својот луксузен имот во Лос Анџелес, кој го купи во 2017 година за 24,5 милиони долари, и дека планира да се исели од земјата штом нејзините близнаци Вивиен и Нокс наполнат 18 години.

Пред неколку години, таа изјави дека се преселила во имот во Лос Анџелес затоа што сакала децата да бидат блиску до нивниот татко (Бред Пит), кој живее само на пет минути оддалеченост.

„Размислува за неколку локации во странство. Ќе биде многу среќна кога ќе може да го напушти Лос Анџелес“, тврди извор запознаен со нејзиниот живот сега.

фото: принтскрин

Scroll to Top