(Фото) Дури ни деколтето не може да го засени нејзиното „ново лице“: дали познатата убавица повторно отиде под нож?

Славната Линдзи Лохан (39) со години важеше за една од најубавите, но и најскандалозните јавни личности, а потоа се пензионираше. Подоцна се појави со сосема ново лице и, како што се пишуваше, потрошила околу 300.000 долари за операции.

Таа пристигна на премиерата „Freakier Friday“ на Дизни во Лос Анџелес со својот сопруг Бадер Шамас, со кого е во брак од 2022 година, но не го покажува толку често на социјалните мрежи, иако е доста активна.

Контроверзната Линдзи овој пат привлече внимание со поедноставен изглед на Барби. Таа избра нежно розов долг фустан од тил со длабоко деколте, додека изгледот го комплетираше со впечатлива сребрена огрлица.

Таа ја стилизираше својата долга руса коса во бранови и уживаше во погледите од јавноста, додека сите забележуваа колку младо изгледа Линдзи.

Не е познато дали во меѓувреме имала други корекции, но несомнено блесна на овој црвен тепих и покажа дека може да биде доста гламурозна ако сака.

Фото: принтскрин

Scroll to Top