Музичката ѕвезда Кети Пери, која се породи пред неполни два месеца, успеа да си ja врати старата линија. Таа на „Инстаграм“ објави фотографии во тесни едноделни панталони, кои ја следат линијата на телото, и доби комплименти дека изгледа совршено.
Пејачката, пак, се пошегува на своја сметка и се спореди со крава што ја молзат бидејќи панталоните се со животински принт, а таа напиша дека сè уште го дои бебето.
Кети се породи на крајот на август, а за ќерката го избра името Дејзи Дав. Ова е нејзино прво дете со свршеникот, глумецот Орландо Блум.