Новите фотографии кои ги направи Бред Пит за насловната на магазинот GQ предизвка бурни реакции во јавноста особено кај женскиот дел од публиката. Славниот актер не бил на насловна страна на светски магазин од 2017, односно откако се раздеде со Анџелина Џоли.
Овој пат актерот се фотографираше на мотор, во сафари џип, покрај базен, додека игра тенис. Во ретро модно издание и на зрели години покажа дека со право со години го носи епитетот на најсекси маж.
Едена од обожавателките јавно го праша актерот, „Кога ќе престанам да се палам на тебе и зошто никогаш?“
„Имам поминато во животот речиси сè. Пораснав како христијанин. Секогаш го преиспитував поимот на верата. Се обидов со неколку духовни работи, но едноставно не се чувствував добро. Тогаш решив да станам атеист. Сакав да станам бунтовник, но не станав ни тоа. Потоа работите си дојдоа на свое место. Сфатив дека почнувам да ја враќам вербата. Го мразам зборот духовност. Едноставно верувам дека сите сме поврзани“, изјавил Пит.