(Фото) Еди Рама во патики на седница на владите

За време на заедничката седница на Владите на Црна Гора и Албанија, која се одржа во Скадар, вниманието на јавноста го привлече изборот на облека на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Рама е познат по необичните комбинации, а особено ги изненади присутните државни официјални лица појавувајќи се во тегет костум и црни спортски патики, додека под ногавицата се забележувале чорапи во кафена боја.

Изгледот го дополни и вратоврската на која пишивало „АЛ“.

Scroll to Top