(Фото) Eмили Ратајковски стана мајка, се соблече и за првата слика со бебето

Светскиот модел и актерка Емили Ратајковски стана мајка. Таа доби син, а фотографијата како го дои ја објави на социјалните мрежи. Со сопругот Себастијан Бер Меклард, на бебето му го дадоа името Силвестер Аполо Бер.

„Силвестер Аполо Бер дојде на оваа планета на 8 март. Најубавото утро во мојот живот полно со љубов“, напиша Емили на фотографијата.

Познатата манекенка лани во ноември откри дека е бремена, а до пред породувањето постојано објавуваше голи скики за да им покаже на фановите на Инстаграм како напредува бременоста.

Scroll to Top