(Фото) Енрике со децата навива за „Ливерпул“

Пејачот Енрике Иглесијас на својот инстаграм-профил објави фотографија на која гледа фудбал заедно со синот Николас и ќерката Луси. Популарниот пејач е голем фан на фудбалскиот клуб „Ливерпул“, па во друштво на своите деца го гледаше натпреварот меѓу неговиот омилен тим и италијанскиот клуб „Рома“. Натпреварот заврши 5:2, а победи „Ливерпул“.

Енрике и Ана Курникова станаа родители на близнаците во декември минатата година. Тие приватниот живот го чуваат далеку од очите на јавноста и многу ретко објавуваат семејни фотографии. Медиумите не дознаа за бременоста на поранешната тенисерка до моментот додека самите Ана и Енрике не објавија дека станале родители. Тие со години ја криеја и својата врска, а медиумите во Америка и понатаму шпекулираат дали се венчани или не.

 

Scroll to Top