Најпознатата плус-сајз манекенка, Ешли Греам, објави слика на која ги покажа стриите што ѝ се појавиле уште во текот на бременоста, а кои станале поизразени откако се породи. Таа на сликата што ја сподели на „Инстаграм“ напиша: „Истата јас, со неколку нови приказни“ и откри дека не се срами од своето тело.
„Прекрасна карта од добро пропатуван живот“, „Апсолутно воодушевувачки“, „Ти благодарам на оваа фотографија. Поради неа се чувствувам многу подобро, бидејќи и сама имам идентични стрии“, напишаа нејзините следбеници на интернет. Тие често ѝ велат дека ја следат токму заради нејзиината искреност и затоа што не се обидува да се прикаже во совршено светло, туку како обична жена.
Сликата на Ешли има околу 1,3 милиони лајкови и повеќе од 16 илјади коментари за еден ден.
За потсетување, манекенката пред еден месец стана мајка, па постојано споделува слики од тоа како се снаоѓа со мајчинството, и како ѝ се менува животот. Таа и претходно објавуваше слики на кои не ги криеше несовршеностите на нејзиното тело.