(Фото) Ешли Греам ужива во мајчинството, манекенката објави прва фотографија со близнаците

Манекенката Ешли Грам ја објави својата прва фотографија со близнаците Малахи и Роман. Една од најпознатите плус сајз манекенки се породи во јануари. Таа се породи дома во 40-та недела од бременоста.

Моите момчиња беа најголемите учители и потсетници дека можам да правам и тешки работи. Ова не беше лесно, но вредеше. Сè уште не ми се верува дека имам три деца. Едвај чекам да го споделам моето искуство пред и по породувањето“, рече Ешли.

Таа доби само убави коментари и честитки од фановите. Многумина ѝ се заблагодарија за тоа што го споделуваше секој момент од бременоста и покажуваше како тоа изгледа.

За потсетување, манекенката пред две години го роди синот Исак. Таа постојано ги споделуваше своите искуства на „Инстаграм“. Претходно објави и фотографија од трудничкиот стомак во 40-та недела од бременоста.

Scroll to Top