Американската актерка Ева Мендес беше уловена од папараците без шминка за време на нејзината прошетка низ улиците на Лос Анџелес.
Актерката која важи за една од најубавите жени на светот, се покажа во опуштено издание, а голем број од коментарите кои ги доби од нејзините фанови говорат дека таа е поубава кога не е нашминкана.
Мендес прошета со фустан со туфни, очила за сонце и марама на косата. Друштво и правеше ќерката Есмералда, која Мендес ја доби со Рајан Гослинг. Ева Мендес неодамна наполни 45 години.