Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета по црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ и буквално ги остави сите без зборови.
Познатата убавица неодамна се најде на мета на коментари за изјава за дете што многумина ја сметаа за несоодветна. Сепак, тоа не ја спречи повторно да привлече внимание кон себе.
Кетрин позираше во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, додека горниот дел е целосно транспарентен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го комплетираше со високи платформи и спектакуларни обетки, гордо покажувајќи им на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога станува збор за гламур.
Кетрин Зета-Џонс е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас привлекува внимание со години. И покрај разликата од 25 години, овој пар е во љубов повеќе од две децении и се чини дека сè уште се вљубени како на првиот ден.
фото: принтскрин