(Фото) Фил Колинс во инвалидска количка, без стап пејачот не може да стане

Популарниот пејач Фил Колинс (68) неодамна бил фотографиран на аеродром во Сиднеј во инвалидска количка. Медиумите пишуваат дека фотографиите биле напраени по неговиот настап и дека Колинс изгледал уморно.

Пејачот со себе носел стап, кој му помогал да стане. Негови блиски пријатели велат дека Колинс на концертите пее седејќи, но дека гласот засега добро го служи.

Познато е дека Колинс во последните неколку години се бори со болките во грбот, а во 2011 година најави дека ќе замине во пензија. Тогаш дозна дека му бил дислоциран пршлен и имал оштетен нерв на раката.

Поради таа причина лекарите му забраниле да свири на тапани, а покрај тоа имал и сериозно оштетување на слухот. Исто така имал и проблем со алкохолот.

„Чувствувам дека ова е време кога треба да прекинам со музиката. Не верувам дека на некого ќе му недостигам“, изјавил Колинс.

Но и покрај најавата за прекинување со музиката, Колинс оваа година повторно закажал турнеја низ Австралија, а покрај неколкуте одржани концерти, планира да направи уште неколку во јуни.

 

Scroll to Top