Лиза Јаков, Пирс Броснан и Мара Вилсон се собраа за да ја одбележат 25-годишнината од прикажувањето на филмот “Г-ѓа Даутфаер“
“Денес, по 25 години, се собрав на маса со друштвото од тројца млади луѓе за да зборувам за приказната за филмот што допре до срцата на многу луѓе”. Ова го напиша Пирс Броснан во Инстаграм и стави фотографија од возбудливиот состанок. Броснан кој го играше додворувачот на Сали Филилд – мајката на трите деца, прецизира дека таа е на турнеја по повод својата автобиографска книга и не успеала да се приклучи кон нив.
“Робин е во рајот и ги смее ангелите и им зборува со храброст за љубовта и милите спомени”, напиша уште актерот и истакна дека е среќен да се сретне повторно со своите колеги.
“Неверојатно! Мој омилен семеен филм “, напишал обожавател на Пирс под неговиот пост. Тој, исто така, истакна дека трите деца многу се смениле.
“Г-ѓа Даутфаер” освои Оскар за најдобра филмска шминка. Тој исто така е рангиран на 67 место на листата на најсмешни филмови направени од Американскиот филмски институт.
Американскиот филм за комедија ја раскажува приказната за обична фамилија со три деца. Двајцата родители се разведени, по разводот, таткото ја губи работата (во улогата на таткото е Робин Вилијамс). Откако неговата поранешна сопруга објавува дека бара дадилка, таа одлучува да се преправи себеси како стара дама, и така да биде близу до децата . Оваа идеја се покажа како тест за него, но и за децата.