(Фото) Георгина објави фотографија од ќерката Есмералда, бебето има дупнати уши и носи лигавче од „Диор“

Сопругата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез објави нова фотографија од нејзината најмала ќерка, Бела Емсералда, која се роди во средината на април. Бела имаше обетки на ушите, а околу вратот лигавче од „Диор“.

Георгина и Роналдо имаат уште една ќерка, Алана Мартина (4). А Роналдо има уште три деца, од кои две се родени од сурогат мајки.
Нивниот најстар син е Кристијано Роналдо Јуниор (12), а ги имаат и ќерката Ева Марија (5) и братот близнак Матео Роналдо (5). За потсетување Георгина беше бремена со близнаци, но братот на Есмералда почина за време на породувањето.
„Со неизмерна тага мораме да објавиме дека нашиот син почина. Ова е најлошата болка со која може да се соочи еден родител. Само раѓањето на нашата ќерка може да ни даде сила да го преживееме овој момент. Сакаме да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за сè. Шокирани сме од оваа загуба и бараме од сите приватност во овие тешки моменти. Нашето момче, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, напишаа тогаш Кристијано и Георгина.
Scroll to Top