(Фото) Глумицата Каприс Бурет позира гола во знак на поддршка на Украина

Американската глумица и модел Каприс Бурет позираше гола во знак на поддршка за Украина. Таа ги објави фотографиите, на кои имаше напишано само „е**ш војна“. Со оваа порака таа рече дека сака да ги потиикне луѓето да расправаат и да го искажат своето мислење на социјалните мрежи.

„Кога ги објавив овие фотографии на „Инстаграм“, некои одма ги тргна. Денес повторно ги објавив. Се чувствувам многу силно поради пораката која ја напишав. Овие фотографии се провокативни, а пораката е многу силна. Го направив тоа намерно за да ги поттикнам луѓето на разговор. Општеството ја има оваа моќна платформа за комуницирање со светот, за промоција за мирот и притискање на оние кои ги носат одлуките во наше име. Интернетот и социјалните мрежи ни овозможуваат слобода на говор“, рече Бурет.

„Преку социјалните мрежи можеме да ја обликуваме перспективата и да креираме мислења. На хуманитарно ниво тоа е срцепарателно. Видов доста страшни фотографии. Злото и недостатокот на почит се доста дискутабилни. Ако ја погледнете историјата, ова е многу застрашувачко и на некој начин сите сме дел од тоа на повеќе нивоа. Сите ние кои храбро демонстрираме во Русија можеме да добиеме и до 15 години затвор. Мораме да ја спречиме оваа бесмислена војна. Не сакаме војна, сакаме мир“, рече Бурет.

Глумицата постојано ги повикува своите пријатели да донираат било што за да им помогнат на несреќните Украинци. Таа неодамна беше во продавница да купи намирници за некои од бегалците и на тој начин испрати порака до своите пријатели и фанови да го сторат истото.

„Многу љубов и поддршка за Украина. Отидов да купам намирници за помош на народот во Украина“, рече Буре и доби голем број убави и пофални коментари од фановите.

„Ти си таква инспирација. Прекрасно е да видам како некој дава поддршка сгеа. Најдобра си, тоа така се прави“, и напишаа некои од нив.

Scroll to Top