Светската латино пејачка Џенифер Лопез летните денови ги минува во Израел. Таа на социјалните мрежи објави фотографии на кои е облечена во кратка маица и бикини.
Фановите коментираат дека нејзиниот изглед не одговара со години и дека изгледа многу секси. Пејачката за кратко време собра преку два милиони лајкови.
„Најдобра си“, бил еден од коментарите на фановите.
Џенифер веќе некое време престојува во Тел Авив во Израел, каде имала концерт во рамки на нејзината турнеја Its’ my party tour.
Џеј Ло објави и фотографија на која е со камила.
„Дали е до мене, или оваа камила е среќна како и јас“, напиша Лопез на фотографијата.
Пејачката неодамна го прослави својот 50. роденден. Нејзиниот вереник Алекс Родригез (43) поранешната бејзбол ѕвезда и подари скапоцено црвено Порше.