Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар, денес се фудбалски великани и најдобри во она што го работат, заработуваат милиони и често се во центарот на вниманието на девојките поради нивниот изглед и имиџ.
Но, фотографиите од нив како деца, покажуваат дека тие не биле убави и многу се разликуваат од денес.
Набилданите торза, тетоважите, шарените фризури, кај повеќето од нив се заштитни знаци, но многумина хирурзи тврдат дека за убавиот изглед и имиџ одговорот е во големиот број на пластичните операции. Хирурзите направиле фудбалерите да изгледаат поубави и попривлечни.
Најголемиот од нив и срцекршач како што многу девојки го нарекуваат е Кристијано Роналдо. Голем број светски хирурзи велат дека тој направил голем број платични операции и го модифицирал своето лице, за да биде тоа што денес е.
Роналдо ги има исправено и избелено забите, има ставено додатоци за коса, ботокс на челото, а ги има отстрането брчките околу очите и носот. Редовно вежба и секогаш се обидува да биде набилдан, а фризурата да му биде совршена.
Го има коригирано и носот. Роналдо, освен интервенцијата на забите, за кои постојат фотографии на кои постои апарати, не признава дека коригирал ништо на себе. Но, јасно се гледаат разликите кај него, кога бил помлад и сега.
Некои од светските медиуми успеале да направат и пресметка за тоа колку го чинеле Португалецот ваквите интервенции и дошло до цифра од околу 250.000 долари, сума која за Роналдо изгледа како капка во морето.
Неговиот најголем ривал, за кои некои велат дека е најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, не обрнува толкаво внимание на својот изглед како Роналдо. Но, често знае да ја промени фризурата и многу внимава на бојата на брадата и косата.
Телото го има покриено со нови тетоважи, а некои за него велат велат дека од авион се гледа дека го има оперирано носот и поправено забите.