(Фото) Некогаш грди со скршени заби, денес најголеми фраери: Фудбалските ѕвезди на почетокот на кариерата и сега 

By

Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар, денес се фудбалски великани и најдобри во она што го работат, заработуваат милиони и често се во центарот на вниманието на девојките поради нивниот изглед и имиџ.

dobivaj vesti na viber

Но, фотографиите од нив како деца, покажуваат дека тие не биле убави и многу се разликуваат од денес.

Набилданите торза, тетоважите, шарените фризури, кај повеќето од нив се заштитни знаци, но многумина хирурзи тврдат дека за убавиот изглед и имиџ одговорот е во големиот број на пластичните операции. Хирурзите направиле фудбалерите да изгледаат поубави и попривлечни.

Најголемиот од нив и срцекршач како што многу девојки го нарекуваат е Кристијано Роналдо. Голем број светски хирурзи велат дека тој направил голем број платични операции и го модифицирал своето лице, за да биде тоа што денес е.

Роналдо ги има исправено и избелено забите, има ставено додатоци за коса, ботокс на челото, а ги има отстрането брчките околу очите и носот. Редовно вежба и секогаш се обидува да биде набилдан, а фризурата да му биде совршена.

Го има коригирано и носот. Роналдо, освен интервенцијата на забите, за кои постојат фотографии на кои постои апарати, не признава дека коригирал ништо на себе. Но, јасно се гледаат разликите кај него, кога бил помлад и сега.

Некои од светските медиуми успеале да направат и пресметка за тоа колку го чинеле Португалецот ваквите интервенции и дошло до цифра од околу 250.000 долари, сума која за Роналдо изгледа како капка во морето.

Неговиот најголем ривал, за кои некои велат дека е најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, не обрнува толкаво внимание на својот изглед како Роналдо. Но, често знае да ја промени фризурата и многу внимава на бојата на брадата и косата.

Телото го има покриено со нови тетоважи, а некои за него велат велат дека од авион се гледа дека го има оперирано носот и поправено забите.

 Еден од најдобрите фудбалери во оваа група е 28 годишниот Бразилец Нејмар, кој се чини дека се нема многу променето од неговото детство. Неговиот заштитен знак е фризурата која постојано ја менува. Речиси на секој натпревар таа е порадикална и поексцентрична.
Некои велат дека неговата фризура почнува да изгледа како гнездо од шпагети. Нејмар како и неговите колеги се има променето со нови тетоважи.
Фудбалската, но и поп-културна институција Дејвид Бекам и откако замина во фудбалска пензија, остана подеднакво во жижата на јавноста како и претходно.
Тој со текот на годините со сопругата, некогашната членка од „Спајс Грлс“ и сега модна дизајнерка, Викторија Бекам, се има трансформирано и има измислено еднаков моден пат како и кралицата на поп-музиката Мадона.
Но, многумина за Бекам велат дека од релативен неугледен Англичанец, денес станал личност која знае како да го украде вниманието на медиумите.
Постојат низа коментари за неговиот изглед и многумина тврдат дека Бекам има направено низа пластични операции, а има ставено и филери и ботокс.
Сепак тој ги негирал ваквите шпекулации и тврди дека за неговиот изглед и имиџ заслужни се вежбањето, советите на сопругата, добрите направени одела и генетиката. Таа генетика, како што многумина велат, не била премногу забележителна на почетокот на неговата кариера.
Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос исто така тврди дека за неговиот мажествен и младешки изглед заслужни се добриот раст и фризура. Сепак интернетот е преполн со обвинувања дека Рамос има направено низа на операции и го има затегнато лицето.
За Шпанецот се вели дека го има обликувано носот и ги има поправено забите. Рамос во текот на својата кариера има направено низа на тетоважи, меѓу кои и богородицата Марија, која ја има тетовирано на неговата надлактица.
Додека некои велат дека фудбалерите од видеата никогаш не биле грди, туку само многу млади, јасно е дека нивниот изглед и имиџ им е многу важен и дека се подготвени да направат се, за да ги подобрат и да се одржуваат во форма на секаков начин.

Ќе ви се допадне