(Фото) Хари пред бракот имал афера со британска манекенка

Поранешниот принц Хари кој сега е во среќен брак со Меган Маркл, имал кратка романса со британската манекенка Сара Ен Меклин. Тоа го потрдила авторката за биографијата на кралското семејство Анџела Левин, во книгата „Хари: Разговори со принцот“.

Изгледа дека Хари на почетокот не бил толку воодушевен со сегашната сопруга Меган Маркл, затоа што Сара успеа да го меѓепса за момент.

Принцот Хари наводно ги избришал пораките кои и ги испраќал, откако се запознале, но тоа никогаш јавно го нема принзаено.

„На самиот почеток на врската со Меган Маркл, Хари одлучи да замине на состанок со манекенката Сара Ен Меклин. Се сретнале на една приватна забава, каде ја замолил да му го даде телефонскиот број. Тогаш почнал да и испраќа бројни пораки, по што се случила кратката авантура“, пишува Анџела.

 

Scroll to Top