(Фото) Илјадници фанови во Ирска излегоа и за последен пат се поздравија со Шинејд О’конор

Повеќе од 3.000 обожаватели дојдоа да ја испратат ирската пејачка Шинејд О’Конор во градот Бреј, недалеку од Даблин, каде пејачката живееше некое време. На погребот беа пуштени нејзините, но и хитовите на Боб Марли. Толпата во еден глас ја пееше добро позната песна „Nothing compares to U“.

„Имаше глас кој трогна една генерација млади луѓе и кој можеше да ги расплаче слушателите. Носеше тон на надеж и барање за пат до дома“, рече на збогувањето имамот шејх доктор Умар Ал Кадри.

Пејачката која го прифати исламот како своја религија во 2018 година ѝ беше организиран муслимански погреб. Голем број од познатите личности дојдоа да се простат од неа. На погребот стигна Боно и други членови на бендот U2, како и ирскиот претседател Мајкл Д Хигинс, пишува „Дејли Меил“.

За потсетување, О’конор почина минатиот месец на 56-годишна возраст.

„Со голема тага ве известуваме за смртта на нашата сакана Шинејд. Нејзиното семејство и пријателите се уништени и бараат приватност во овој тежок момент“, изјавија од нејзиното семејство за RTE.

Scroll to Top