Италијанскиот милионер Џанлука Ваки (51) кој на Инстаграм го следат повеќе од 11 милиони фанови, пристигна денес во Белград. Папараците го уловија на аеродромот „Никола Тесла“, а фотографиите од неговото пристигнување и самиот тој ги постираше на Инстаграм.
Веднаш по слетувањето, Џанлука објави фотографија од него, и напиша само „Белград“, а до коментарот напиша и емотион кој намигнува.
Џанлика пристигна во свој стил, со фармерки и кожна јакна, со неделивите очила за сонце на главата, а како што пренесуваат медиумите, италијанскиот милионер ќе биде гостин на една журка во српската престолнина.