Џесика Алба (44) ужива во животот максимално откако се разведе од Кеш Ворен, а во последните месеци ја гледаме како редовно патува.
Иако се шпекулира дека има ново момче, таа го искористи изминатиот викенд за релаксација, а на Инстаграм уште еднаш покажа зошто важи за една од најжешките актерки во Холивуд.
Младешки и природен изглед, витка и затегната фигура, став кој кажува дека е свесна за својата убавина – ова се доволни причини повторно да ги воодушеви обожавателите, но овој пат тоа го направи во минијатурно бикини.
Станува збор за кафеаво бикини со бели цветови, а познатата убавица позира покрај базенот на фотографиите и ужива во сонцето, чита книги и е на социјалните мрежи.
„Канализирање на релаксација – дишење – пријателство и работа на себе“, напиша Џесика Алба на Инстаграм.
Бикинито повторно ги истакнува нејзините извајани стомачни мускули и витките, долги нозе, па затоа не е ни чудо што доби многу комплименти.
„Апсолутно прекрасно“, „Изгледаш неверојатно“, „Најубавата жена на сите времиња“, се некои од коментарите за познатата ѕвезда.