(Фото) Јадев и покрај тоа што бев сит, Марк Волберг раскажа како се здебелил за новата улога

Холивудскиот глумец Марк Волберг во шоуто на Џими Фалон, открил дека морал да прими и по 11.000 калории дневно, за да се здебели и да биде таман за новата улога во филмот „Сту“. Тој  ја игра улогата на боксерот Стјуард Лонг, кој потоа ќе стане свештеник.

Волберг кој некогаш работел како модел на Келвин Клајн и кој е познат по своите мускули во голем број акциони филмови, сега вели дека морал целосно да го промени изгледот. Тој откри дека за три недели успеал да се здебели 20 килограми.

„Морам да признаам, тоа беше грозно“, изјавил Волберг.

Тој филмот го снимаше оваа година, а откри дека за време на снимањето целосно да го променил режимот на исхрана. Тој повеќе од месец дена јадел прекумерно за да има доволно килограми за улогата на боксерот

„Сакаа преку здрав пат да станам дебел. Толку долго бев на строг режим, што едвај дочекав да почнам да јадам палачинки“, изјавил марк.

Тој вели дека првите две недели морал да јаде по 7000 калории дневно, а потоа следните и по 11.000.

„Беше забавно првите неколку часа“, призна тој во шоуто, а потоа објасни колку дебелеењето е се разликува од слабеењето.

„Беше многу тешко и физичк да се направи тоа. Кога слабееш, ќе истрпиш, не јаде и многу вежбаш. Но, за ова морав да јадам и покрај тоа што бев сит. Морав да јадам на секој три часа, а тоа не беше забавно. Беша тажно“, признал глумецот.

Тој објасни дека една од причините зошто морал да се здебели за брзо време, е поради ограничениот тајминг за снимање. Тој вели дека имале 30 дена за да ги снимаат сите сцени.

„Беше лудо што повеќето од трошоците, морав да ги платам самиот“, вели Волберг, кој призна дека долго време сакал да го глуми овој лик.

Освен што се здебелил, Волберг за оваа улога ја избричил и главата, а претходно имал пуштено бркови. Сега вели дека е среќен што може да се врати на нормалниот режим и исхрана.

 

Scroll to Top