(Фото) Кајли Џенер престана да го пегла лицето, сега е поубава

Ѕвездата на реалното шоу Кајли Џенер ги изненади своите фанови откривајќи дека веќе нема филери на усните.

Кајли Џенер е позната по естетските операции, а една од највпечатливите е секако зголемувањето на усните на 16 години, кои оттогаш може да се каже дека се нејзин заштитен знак.

Сепак, по години промовирање на ваквиот изглед, американската ѕвезда решила во потполност да ги извади филерите, а својот нов изглед го објави на „Инстаграм“.

Оваа промена им се допаднала на следбениците па коментирале дека сега е многу поубава и поприродна и дека направила вистински избор.

Scroll to Top