(Фото) Калифорниска двојка чекаше заедно во капела со Бен Афлек и Џенифер Лопез за да се венча

Аирика Руиз и Деметриус Висаја чекаа во ред заедно со Џенифер Лопез и Бен Афлек во капела во Лас Вегас за да се венчаат. Двојката ја планирале свадбата уште пред две години, но пандемијата со короната им ги наруши плановите.

Двојката во саботата го славела роденденот на синот и спонтано отишла до Лас Вегас за да се венча.

„Ова беше свадба на нашите животи.

На 22 јули 2022 година се омажив за љубовта на мојот живот, а до нас беа Џеј Ло и Бен Афлек. Каква спонтана и прекрасна приказна ќе биде ова за нашите семејства. Секогаш ќе се сеќаваме на вас двајцата и на сите идни наши претстојни годишнини. Ова со задоволство го споделивме со вас“, рече Аирика.

Додека чекале на ред за дозвола за брак, Аирика ги видела Бен Афлек и Џенифер Лопез како влегуваат зад нив и веднаш му кажала на сопругот. Тој на почетокот не ѝ поверувал, сè додека не се свртел. На крајот заедно се сликале.

Scroll to Top