Иако вети дека веќе нема да објавува провокативни фотографии, Ким Кардашијан (38) повторно не издржа. Старлетата објави ново селфи во бикини поради кое собра над 4 милиони лајкови, кратко откако ја објави фотографијата. Таа претходно беше критикувана во јавноста дека не ѝ доликува како мајка на три деца да објавува разголени слики. Иако вети дека од сега ќе се воздржува, сепак ветувањето кратко траеше.