(Фото) Ќе те сакам додека сум жива: Ким Кардашијан среде развод му изјави љубов на Канје Вест

Риjалити sвездата Ким Кардашијан неодамна откри дека не ѝ е лесно што се разведува од славниот рапер Канје Вест.

Откако пред неколку дена заплака пред камерата признавајќи дека таа е виновна за колапсот на нејзиниот брак, реши јавно да му го честита роденденот на својот веќе поранешен сопруг.

Ким најпрво на својот Инстаграм профил објави фотографија направена во авион, каде што се сликани цело семејство во нивните најсреќни денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Среќен роденден. Ќе те сакам додека сум жива“, напиша Ким, а потоа сподели неколку фотки нив на јавни настани.

Кардашијан на тој начин покажа дека односите меѓу раперот и неа не се толку лоши како што се пишува во медиумите, бидејќи насловите одат дотаму што пишуваат дека Канје и Ким воопшто не комуницираат.

Поранешниот пар има четири деца: ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1).

 

Scroll to Top